„Постои голема веројатност рускиот претседател Владимир Путин да нареди извршување целосна инвазија врз Украина и да го нападне Киев“, изјави денеска британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.
„Сметаме дека е многу веројатно дека Путин ќе го исполни својот план за целосна инвазија врз Украина“, изјави Трас за SkyNews .
На прашањето дали рускиот лидер ќе тргне кон главниот град Киев, таа изрази уверување дека е „многу веројатно тоа да е во неговите планови“.
Откако Путин истакна дека испраќа војници, „се уште немаме целосни докази дека тоа се случило“, нагласи Лиз Трас, нарекувајќи ја моменталната ситуација „нејасна“.