Дим излегува од руската амбасада во Киев, во Луганск гранатирана градинка, има повредени деца-дали почна војната на Истокот!? (видео)

Жителите на Киев пријавиле дека виделе како излегува чад од зградата на руската амбасада.

На социјалните мрежи кружат снимки на кои наводно се гледа руската амбасада во главниот град на Украина од која излегува чад.

Западните медиуми веќе го коментираа инцидентот, наведувајќи дека руските дипломати го следат примерот на нивните американски и германски колеги и дека почнале да уништуваат тајни документи во амбасадата во Украина.

Според Волстрит журнал, Стејт департментот наводно им наредил на вработените во амбасадата да ги уништат компјутерите и опремата во амбасадата во Киев пред евакуацијата.

Тензии има и во Источна Украина. Иако првично беше објавено дека само две воспитувачки се повредени во нападот на руските сепаратисти врз градинката во Стањица Луханска, според новите информации, повредени се и четири деца. Притоа половина од таа населба остана без струја.

А уште една жена е повредена во Маринки во Доњецк откако граната паднала во близина на автобуска станица во близина на училиште и хуманитарен објект.

Дмитриј Песков, портпарол на Владимир Путин, изјави дека ситуацијата „ескалира“ во регионот на Донбас и се осврна на „огромниот ударен потенцијал на украинските сили“. Тој додаде дека Путин се уште не и одговорил на руската Дума за признавањето на таканаречените Народни републики Доњецк и Луганск. Думата во вторникот го повика рускиот претседател да ги признае како независни. Западните лидери веруваат дека таквиот потег ќе ја уништи секоја надеж за мир преку договорот од Минск.

Песков, исто така, го обвини НАТО дека спроведува „нескриена информативна агресија против Русија“ и додаде дека руското Министерство за надворешни работи го подготви својот одговор до Западот за „проблемите со безбедносните гаранции“.

Дописникот на Би-Би-Си од Москва јави дека три лица се повредени при гранатирање на зграда на градинка во Донбас. Таа објави видео од руинираната градинка.

Висок функционер на украинската влада рече дека гранатирањето од бунтовничката територија на истокот на земјата е „не типично“ и „изгледа како провокација“, пренесува Ројтерс.

Украинската армија објави фотографии од источна Украина на кои се гледа, според нивните тврдења, дека во утринските гранатирање била оштетена зградата на градинката во местото Станица Луганск. Во моментот на нападот децата биле во зградата на градинката.

https://twitter.com/ArmedForcesUkr/status/1494225743747944450?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1494225743747944450%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvocentar.com%2Fwp-admin%2Fpost.php%3Fpost%3D57831action%3Deditswcfpc%3D1

Тие известија и дека половина град останал без струја бидејќи е оштетена комуналната инфраструктура.

Гранатирањето се слушнало во близина на аеродромот во Доњецк и селото Еленовка во источна Украина, изјави очевидец за Ројтерс.