За време на неговата официјална посета на Шведска во 1976 година, југословенскиот претседател Јосип Броз Тито доживеа необична несреќа. Имено, додека тој излегувал од автомобилот, неговиот генерал-аѓутант Марко Рапо невнимателно ја затворил вратата од возилото додека Тито сè уште излегувал од автомобилот.
И така се случи вратата да му ги фати прстите!
Тито извика болно, а аѓутантот веднаш ја отвори вратата и му ја ослободи раката. Целиот настан го снимија камерите на шведските медиуми, кои беа собрани таму за да ја снимаат средбата на југословенскиот маршал и шведскиот премиер Олоф Палме.
На видеото се гледа и како Тито подоцна им објаснува на домаќините како дошло до несреќата.