Заспал зад воланот, се здоби со 30 фактури, го ставија во индуцирана кома и едвај преживеа, а сега се врати на голема врата во Пекинг (видео)

0

Пред шест години, Колби Стивенсон беше среќен што е жив. Тоа беше единственото нешто што му беше важно, ниту еден спорт во тоа време не му беше на ум. Само преживување. По тешка сообраќајна несреќа тој се здобил со 30 фрактури на черепот, скршени вратни пршлени и ребра, делови од вилицата и очните дупки. Отокот на неговиот мозок бил толку голем што лекарите биле целосно песимисти кога станувало збор за целосно закрепнување и го ставиле во индуцирана кома. Не се ни сеќава низ колку операции поминал тие денови.

Шест години подоцна, Колби Стивенсон (24) освои сребрен олимписки медал. На почетокот на оваа недела на Зимските олимписки игри во Пекинг, тој го освои второто место во дисциплината Big Air во слободен стил.

Таа несреќна ноќ во 2016 година, Стивенсон возел по мирен пат во руралниот Ајдахо. Неколку часа претходно, тој се натпреваруваше во Маунт Худ, Орегон и го направи најдоброто скијање во неговиот живот. Неговиот колега Џон Мајкл Фабризи ја скрши ногата на истиот натпревар, а Стивенсон, тогаш сè уште тинејџер, се понудил да седне зад воланот на неговиот камионет и да ги одведе дома во Јута.

Откако возел повеќе од 800 километри, го совладал заморот и заспал зад воланот. Можеби само за секунда или две, но сосема доволно за страшна несреќа. Излетале од патот, возилото неколку пати се превртело и го оставил младиот скијач со тешки повреди. Неговиот придружник бил неповреден, а Стивенсон започнал борба за живот.

Кога се разбудил од кома, ја видел мајка му Керол покрај креветот и првото нешто што и рекол било „Жал ми е што мораше да се вратиш“. Имено, мајка му бела тогаш на одмор на Хаваи.

Следеа месеци полни со болка, физичка и психичка.

– Тоа беше половина година пекол. Кога дојдов дома, бев навистина депресивен. Имав голема отворена рана на черепот и тешко ми беше да се погледнам во огледало. Навистина мислев дека е готово. Ако некогаш сте имале скршена коска, знаете како е, а јас имав скршени коски низ целата глава. Сè боли. Цело време.

Малку по малку, како што се опоравуваше психички, така растеше и желбата за скијање.

– Немав резервен план. Ќе бев будала да размислував за освојување медали во тие моменти, само сакав да се вратам на кој било начин.

И се врати, а потоа чекор по чекор, со многу волја, трпение и труд, почна да се искачува на врвот.

– Научив да сакам ситници. Топлиот туш беше врв на мојот ден. И играње карти со баба ми. Беше толку забавно, не би го заменил за ништо.

Првата спортска активност на која се вратил е возењето велосипед, а пет месеци по несреќата повторно бил на скии. Лекарите, кои поставија такви ужасни рани дијагнози, беа во шок. Но, и покрај тоа што му беше дозволено да се врати, Стивенсон се уште страдаше од болки во вратот, а имаше и чести вртоглавици, поради што сериозните спортови беа невозможни.

– Мислев дека никогаш повеќе нема да можам да се занимавам со акробации. Но, тогаш отидов во Нов Зеланд и таму за прв пат по несреќата бев охрабрен да изведам еден скок. И тогаш знаев – не сум готов, се враќам. На првиот натпревар, во северна Италија, се сеќавам дека во пресрет на последното трчање само ги затворив очите и размислував за сите мои најблиски, за луѓето кои влијаеа на мене. Тоа беше надреално искуство по кое го направив возењето на целиот живот.

Тогаш дефинитивно знаеше дека се вратил. И круната пристигна во Пекинг.

– Денеска мислам дека несреќата е една од најдобрите работи што ми се случиле бидејќи сега имам сосема поинаков поглед на животот. Имам, секако, огромна лузна на челото и скршен череп, но функционирам. Значи, добро сум – заклучи Стивенсон.