Интервју на годината! Новак Ѓоковиќ си ја отвори душата и конечно проговори за драмата во Мелбурн: Не се заразив намерно со ковид, ќе ги жртвувам трофеите ако ме присилат на вакцинација

0

Интервју на годината засега.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во ексклузивно интервју за „Би-Би-Си“ изјави дека не сака да биде принуден да ја прими вакцината.

За првпат говорејќи за медиумите од Австралија Опен, на кој не учествуваше, Ѓоковиќ рече дека не е антиваксер, но дека поддржува индивидуално мислење.

Запрашан дали е подготвен да ја жртвува својата идна кариера за вакцинација, Новак беше јасен:

„Да, тоа е цената што сум подготвен да ја платам “, рече Ѓоковиќ.

Случувањата во Австралија беа светски настан број еден, бидејќи имаше две судења и чудни одлуки. „Никогаш не сум бил против вакцинацијата“, вели Новак, додавајќи дека бил вакциниран како дете. „Секогаш ќе ја поддржувам слободата на избор за нешто што се става во вашето тело“. https://twitter.com/BBCWorld/status/1493465907401736195?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1493465907401736195%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvocentar.com%2Fwp-admin%2Fpost.php%3Fpost%3D56984action%3Deditswcfpc%3D1 Ѓоковиќ се надева дека одредени турнири ќе го сменат нивниот однос кон вакцинацијата и верува дека ќе може да игра уште неколку години. „Подготвен сум да се откажам од рекордот по бројот на Грен слемови поради принципот да одлучувам што влегува во моето тело и тоа е поважно од која било друга титула или што било друго. Сакам да бидам поврзан со моето тело. Странските медиуми шпекулираа дека Ѓоковиќ бил вакциниран, а сега тој потврди дека тоа не е вистина. Тој повторува дека не е против имунизација и се надева дека корона вирусот наскоро ќе стане минато. „Никогаш не сум бил против вакцинацијата. Го разбирам целиот свет. Сите работат напорно за да се ослободат од вирусот и се надевам дека тоа ќе се случи наскоро“. https://twitter.com/BBCWorld/status/1493465907401736195?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1493465907401736195%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fvocentar.com%2Fwp-admin%2Fpost.php%3Fpost%3D56984action%3Deditswcfpc%3D1 Голема прашина се крена од неговиот сертификат за ковид, кој со себе донесе контроверзни датуми. „Разбирам дека има многу критики и разбирам дека има многу теории за тоа колку беше погодно сето тоа или колку имав среќа. Никој не може да има среќа да добие ковид. Милиони луѓе страдаат од ковид секој ден, затоа го сфаќам ова многу сериозно. Не ми се допаѓа што некој мисли дека правам нешто за себе за, знаете, да добијам позитивен ПЦР тест и потенцијално да заминам во Австралија. Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во ексклузивно интервју за „Би-Би-Си“ проговори за својата одлука да не се вакцинира, како и за депортирањето од Австралија на почетокот на годинава. Откако зборуваше за своето лично мислење за вакцинирањето и изборот да не се имунизира , Ѓоковиќ зборуваше за деновите во Австралија и за одлуката на Владата на таа земја да го депортира и да му забрани настап на Австралија опен.

„Многу сум разочаран од начинот на кој сето тоа заврши за мене во Австралија. Грешката во декларацијата за виза не беше намерна. Тоа беше прифатено и потврдено од Федералниот суд и лично министерот за имиграција. „Всушност, тоа што луѓето веројатно не го знаат – не бев депортиран од Австралија со образложение дека не сум вакциниран или прекршив одредени правила или поради мојата виза. Сето ова беше одобрено од министерот за имиграција, како и од Федерален суд. Вистинската причина е затоа што министерот за имиграција ја искористи своето дискреционо право да ми ја одземе визата со образложение дека би можел да создадам чувство против вакцинација во земјата и градот, со што целосно не се согласувам “, рече Новак Ѓоковиќ.