Казни и за пешаците: санкционирани 81 пешак на територијата на Скопје

0

Во период од 10:00 до 14:00 часот денеска е спроведена засилена акциска контрола на територијата на СВР Скопје за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 81 пешак, информира Министерството за внатрешни работи.
-За небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин санкционирани се 48 пешаци, 33 за минување на црвено светло, а за време на контролата регистрирани се и 22 останати прекршоци, велат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел побезбеден сообраќај.