Кралицата Елизабета за прв пат покажа слабост во јавноста, не можам баш да се движам: Стоеше како “закопана” во замокот Виндзор (видео)

0

Британската кралица Елизабета Втора, која годинава го слави јубилејот-70 години на британскиот престол, за прв пат призна дека е во лоша здравствена состојба откако се појави во јавноста по краток период на отсуство. Во замокот Виндзор, таа ги прими генерал-мајор Елдон Милар и адмиралот Џејмс Меклеод и ги пречека во приемната соба потпрена на бастун.

„Не можам да се движам, како што можете да видите“, одговори 95-годишната кралица на нивното љубезно прашање за нејзиното здравје додека стоеше неподвижно покрај масата.

Кралицата стоела како “закопана” на своето место и се потпирала на бастун додека ја покажувала левата нога или стапало, но не пропуштила да им подари насмевка на гостите и да им ја подаде раката.

Според Дејли Мејл , кралицата веројатно почувствувала вкочанетост и се чини дека не станува збор за повреда или болест.

Загриженоста за здравјето на британскиот владетел со најдолг стаж во историјата трае веќе некое време, не се појавуви на некои исклучително важни настани кон крајот на минатата година и почна повторно да користи стап за одење.

Денешниот прием го означи нејзиното враќање на јавните активности по еден вид самоизолација поради контакт со нејзиниот син, принцот Чарлс, два дена пред неговиот позитивен тест за коронавирус.

Бакингемската палата досега не објави ништо за ковид статусот на британската кралица, дури минатата недела беше објавено дека таа нема никакви симптоми.

Според извештаите на островските медиуми, се чини дека Елизабета Втора успешно ја избегнала инфекцијата со коронавирус.

Кралицата прими воени функционери еден ден по синоќешната вест дека нејзиниот син, обесчестениот принц Ендрју, постигнал спогодба со Вирџинија Џуфре, која го тужеше за сексуален напад, со што го избегна судењето што требаше да започне во текот на оваа година.

Во тужбата таа изјавила дека принцот сексуално ја злоставувал пред повеќе од две децении, кога имала 17 години, и дека ја подведувал починатиот американски финансиер Џефри Епштајн.