Направи бура на мрежите: Која е мистериозната манекенка која тврди дека се сретнала со Матеј Периш? Лидија се бави со мода, живее во Минхен и еве како изгледа (фото)
Полицијата во Србија и Хрватска ги истражува наводите на манекенката Лидија А. дека наводно го видела Матеј Периш, младиот Сплиќанец, кој исчезна во Белград пред речиси еден месец и половина, на улиците во Минхен.
Имено, Лидија се огласи на Инстаграм и ги праша луѓето колку точно е висок исчезнатиот Сплиќанец, бидејќи е сигурна дека три пати видела млад човек кој е “ист како Матеј”. Таа најави и дека ќе дојде во Белград и ќе се обиде да пријави што видела. Тоа што досега се знае за неа е дека се занимава со манекенство и живее во Минхен.
Информацијата дека полицијата ги проверува наводите на девојката која тврди дека видела млад човек кој изгледа исто како Матеј Периш, ја коментираше и неговиот татко Ненад, кој рече дека полицијата ги проверува сите информации според процедурите.
Тој рече дека се уште се надева, но дека е внимателен со ваквите информации бидејќи досега се покажаа неточни.
Да потсетиме, Матеј Периш исчезна пред речиси еден месец и половина во Белград, нешто по 1.40 часот ноќта меѓу 30 и 31 декември, кога истрча од Готик клубот.
Надзорните камери го снимиле како трча низ белградските улици, неуспешно се обидува да запре такси, а десет минути откако излегол од Бетон халата, дошол во ресторанот Саванова и се спуштил по скалите кон реката. Се уште не е јасно зошто побегнал од клубот и зошто се упатил кон Сава.
МВР на Србија соопшти дека на снимката се гледа како објект се движи низводно по Сава од Бранковиот мост до вливот во Дунав и дека локациите на тој објект се совпаѓаат со последните регистрирани локации од мобилниот телефон на Матеј.