Невидена грешка: Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација не доби виза за влаз во Косово бидејќи го замениле со закоравен убиец

0

Драган Бајиќ, селекторот на македонската кошаркарска репрезентација и тренер на КК Игокеа, не доби виза за Косово. Овој стручњак не можеше да полета од аеродромот во Приштина, па мораше да отпатува со авион од Скопје и да се сретне со остатокот од тимот во Истанбул.

Причината за одбивањето на визата на почетокот не беше позната, но се чини дека косовските власти направија кардинална грешка. Српски Инфо пишува дека косовските власти го замениле Бајиќ со закоравениот криминалец со исто име и презиме, кој е на листата на Интерпол поради обвинението за повеќекратни убиства во Унгарија.

Драган Бајиќ од Бачко Градиште е обвинет дека со уште еден унгарски брачен пар ограбил и убил пет лица уште пред 2011 година на остров во Дунав во близина на Будимпешта.

Веднаш по апсењето и проверката на неговите отпечатоци од прсти, преку српскиот Интерпол, било утврдено дека најодговорен за бруталните злосторства е пребегнатиот српски криминалец Драган Бајиќ.

Во обид да го сокрие својот идентитет, Бајиќ во првите денови по апсењето бил многу убедлив, а дури и унгарската полиција го известила српскиот конзулат дека првоосомничениот не е српски државјанин.

Утврдено е дека Бајиќ по бегството од Србија останал во Унгарија каде употребил дури 16 имиња.

Во досието на Драган Бајиќ во Србија има околу 30 пријави за кражби и провала на автомобили.

Така Бајиќ, кој седи на клупата на македонската кошаркарска репрезентација и на КК Игокеа, имаше многу проблеми при патувањето во Грузија поради името и презимето.