Новите детали за ноќниот чувар ја менуваат целата приказна: Матеј Периш поминал низ капијата која само таа вечер била отклучена, на некој му мавта со раката и влегува во дворот на училиштето (видео)

0

Матеј Периш (27 г.) од Сплит, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград, повеќе од месец и половина го бараат сите институции и органи на полицијата, семејството, пријателите и граѓаните.

Во различни групи на социјалните мрежи луѓето секојдневно објавуваат видеа од Матеј. Видеото кое го привлече вниманието на сите е тоа каде едно момче ги реконструира настаните од кобната ноќ кога исчезна младиот Сплиќанец.

Креаторот на видеото ја следеше рутата по која се движеше Матеј, а која беше објавена во медиумите од надзорните камери кои ги снимале движењата на младиот човек. Заедно со тоа видео се покажуваат и многу нелогичности. Судејќи по видеото што го направи момчето, новата мистерија е тука! Останува да видиме каде е Матеј и дали е жив.

„Денес се навршуваат 43-ти дена откако исчезна Матеј. Значи, тоа што е грешка се скалите по кои Матеј се искачи до улицата Караѓорѓевиќ. Тоа што го сфативме е училишниот двор во кој налетал Матеј. Еве го објаснувањето, на видеото се гледа како дечкото истрчува од преминот, но тоа всушност не е премин, туку е лак или капија од која се влегува во училиштето“, се објаснува во видеото објавено на социјалните мрежи.

„Во видеото тој трча полека, како да нема пречки. Ги проверивме портите, но тие беа заклучени неколку дена, а сега е мистерија зошто портата беше отклучена таа вечер ? Како истата ноќ портата беше отклучена, а во другите денови беше заклучена“, кажува и прашува момчето кое го направи видеото со реконструкцијата на исчезнувањето.

„Станува збор за две порти кои се заклучени, а на видеото се гледа како тој поминува без никакви пречки, дури не ја ни прескокнал. Тоа не е лесен премин како што се вели, тоа е тежок премин. Новата теорија е дали училишниот чувар го видел Матеј, а има прозорец кон кој Матеј мавтал. Прашањето е дали ноќниот чувар можеби разговарал со Матеј и можеби тој знае нешто“, вели момчето во видеото.

„До него има паркинг и клубови, се е пространо и тоа е делот каде што се качува по скалите. На кого му се јавил Матеј, како поминал низ капијата и дали нешто знае училишниот чувар, ако има нешто, останува мистерија“, заклучило момчето во видеото.

Да потсетиме, МВР на Србија неуморно трага по момчето, а во потрагата се вклучи и хрватската полиција која двапати била во Белград. Таткото на Матеј, Ненад Периш цело време е во Белград и чека вести за неговиот син кој исчезна во декември