План за напад? Дали Путин ќе ја заземе Украина според политичката карта од 1994 година: Таа мапа прв ја објави Семјуел Хантингтон во Судирот на цивилизациите (фото)
Графиката што ја објави германскиот Билд е слична на мапата што се појави во далечната 2000-та година во книгата Судир на цивилизациите, каде што беше објавена мапа на Украина по изборите во јули 1994 година.
Западна Европа е зафатена од општа хистерија околу тоа кога Русија ќе изврши напад врз Украина. Додека се водат разговори на највисоко ниво меѓу светските лидери за да се најде мирно решение за украинската криза и да се спречи војна, една графика покрена сомнеж за тоа кое сценарио за преземање на Украина е најверојатното.
Досега се појавија седум планови Русите да ја окупираат Украина. Меѓутоа, графиката што ја објави германски Билд е сосема спротивна и е многу слична на мапата објавена во далечната 2000 година во книгата Судир на цивилизациите на американскиот професор Семјуел Хантингтон, каде што објави политичка карта на Украина, по јулските избори 1994, за тоа како Украинците гласаа за Леонид Кучма и Леонид Кравчук. Кучма тогаш го освои истокот на Украина, а Кравчук западниот дел на државата. Кучма освои 52 отсто од гласовите, додека Кравчук освои 13 западни провинции и освои нешто помалку гласови од неговиот ривал кој зборува руски, кој почна да учи украински за време на кампањата.
Дваесет и осум години подоцна, Билд објавува слична мапа, но за тоа како Путин ќе ја освои Украина.
Според германскиот таблоид, нападот би се одвивал во три фази: првата фаза, според планот на Билд, би започнала од правец на Доњецк, каде што се наоѓаат проруските борци и руските единици од Крим. Во втората фаза, единиците од североисточниот дел на Русија би извршиле инвазија на Украина, насочувајќи се кон југозапад и околните поголеми градови како Харков, Киев и Одеса, каде дури би се случило и поморско слетување на украинскиот брег. Руските трупи потоа ќе продолжат сè до Тираспол, спорна енклава на реката Днестар меѓу Молдавија и Украина, каде што живее проруското население. По заземањето на Тираспол, руските единици ќе застанат на линијата Черкаси-Житомир-Чернобил, што ќе биде последната, трета фаза од војната.
Кога ќе ги споредите двете карти, можете да ја видите совпаѓањето на мапите и најреалното можно сценарио што може да ја чека Украина доколку Русија реши воено да интервенира. Дали е реалност или имагинација, времето ќе покаже.
Британскиот министер за одбрана Бен Валас изјави дека го чуствува „мирисот на Минхен во воздухот“ по повод украинската криза, мислејќи на договорот од 1938 година со нацистичка Германија, со кој сепак не можеше да ја спречи Втората светска војна.
Русија може да тргне во офанзива во секое време, со околу 130.000 припадници на нејзините војници позиционирани долж границата со Украина, рече британскиот министер, кој во петокот беше во Москва за да се залага за смирување на тензиите, во интервју за Сандеј Тајмс.
Може да се случи тој (рускиот претседател Владимир Путин) едноставно да ги повлече своите тенкови и сите да се вратиме дома, но во воздухот се чувствува мирисот на Минхен кој доаѓа од некои “западњаци” – рече Валас.