Првиот човек на Бајден за енергетика тешко би се вклопил кај нас: Фустан, кармин и мустаќи се неговиот заштитен знак (фото)
И во слободоумната Америка, тој се издвојува во масите.
Кога американскиот претседател Џо Бајден го донесе Сем во владата, сите беа зачудени. Но, експертите тврдат дека Сем е повеќе од стручен за позицијата што ја има.
Минатиот месец Џо Бајден го назначи Сем Бринтон на позиција во Министерството за енергетика, па така тој стана првиот функционер на американската влада кој се изјасни како родово неутрална личност. Позицијата што ќе ја има е фокусирана на депонирање на гориво и отпад во канцеларијата за нуклеарна енергија.
Бринтон не е посветен само на нуклеарниот отпад – тој е ЛГБТК активист кој обожава долги фустани и високи потпетици. Светли кармини во комбинација со мустаќи се еден од неговите заштитни знаци, а вниманието на фотографите го привлекува на сите настани.
“Да, знам дека нема да биде лесно. Да, сфаќам дека ова е голем предизвик. Да, можам да го прифатам”, изјави Бринтон на LinkedIn за својата нова работа. Бринтон има две дипломи од Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), а на Инстаграм неговото име е radioactivenerd1, или радиоактивен штребер.
Судејќи по неговиот Инстаграм, тој е во среќна и стабилна врска со Кевин Риек.