Русите исплашени, го објавија планот на украинската војска: Доњецк ќе падне за 4 дена. Се потсетува на 2008 година и тогаш имаше ОИ во Кина (видео)

0

Московскиот Прв Канал вчера објави видео од Доњецк, во кое се открива наводниот план на украинската армија да ги врати изгубените територии во 2014 и 2015 година по конфликтот на истокот.

Оперативниот план до кој дојдоа воените структури во Донбас и Доњецк покажува дека Украинците студиозно се подготвувале за операцијата за враќање на тие делови од земјата во рацете на Киев. Според планот, операцијата за враќање би траела само четири дена.

Планот кој беше презентиран на рускиот Прв Канал прави споредби со акцијата на грузиските безбедносни сили во Јужна Осетија.

Операцијата Чисто поле, кога Грузија ја нападна Јужна Осетија, требаше да трае исто така само четири дена.

Според објавениот план и објавените воени мапи, единиците на украинската армија кои би нападнале од исток преку Александорвка и Славјаносербска и Луганска ќе се спојат со единиците на украинската армија кои доаѓаат од југ. Според овој план, тие би се споиле во местото Красни Луч.

Некои детали овде покажуваат дека оваа операција има сличности со грузиската во нападот на Јужна Осетија.

Артилериски напад врз градот Чинвали опочна во 23 часот на 7 август 2008 година. Во нападот беа употребени артилериски орудија од 122 mm, 152 mm и 203 mm, како и ВБР од 122 и 160 mm. Во раните утрински часови на 8 август 2008 година нападот врз Јужна Осетија беше извршен од 12.000 војници, со 75 тенкови Т-72 и ​​неколку десетици лесни оклопни возила Кобра.

Постојат две верзии зошто се случи грузискиот напад. Тој се случи во екот на Олимписките игри во Пекинг. Овој конфликт беше вистинскиот почеток на новата Студена војна меѓу Вашингтон и Москва. Слично е и сега кога има зимски ОИ во Пекинг. Втората сличност е што и таа 2008 година како и денес Америка сака Грузија и Украина да станат членки на НАТО на што жестоко се спротиставува Русија.

 

Дали ова е начин Вашингтон сака да и се реваншира на Москва со заземање на Доњецк и Луганск и да постигне победа во европскиот гамбит останува да видиме во наредните денови или сето ова е уште една медиумска шпекулација какви што има од двете страни.