СЕ СЛУЧИ ЧУДО! Тој беше клинички мртов 5 минути, а сега му се врати на фудбалот: Кристијан Ериксен го одигра првиот натпревар по срцевиот удар (ВИДЕО)
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен го одигра својот прв натпревар по осум месечна пауза, откако се опорави од срцевиот удар, а неговиот Брентфорд славеше против Саутенд со резултат 3:2 во пријателски натпревар.
Интересно, Ериксен денеска го прослави својот 30-ти роденден.
Ериксен пред осум месеци доживеа тежок срцев удар на натпреварот од ЕП меѓу Данска и Финска и беше клинички мртов пет минути.
Сепак, тој реши да ја продолжи кариерата по закрепнувањето, иако му е вграден дефибрилатор.
Нему му беше забрането да игра во Италија со дефибрилатор, но ја прифати поканата од најсилната лига во светот и ќе игра за Брентфорд во Премиер лигата.
Ериксен играше еден час, што е одлично со оглед на се што помина и фактот што не играше осум месеци. За 60 минути забележа една асистенција, а имаше и две шанси за гол.