Тие се најздравите луѓе на светот: Александар Македонски ги донел на “покривот на светот”! Живеат до145 години, жените раѓаат до 60, а ова го јадат секој ден! (фото/видео)
Најдолговечните луѓе живеат во изгубеното кралство високо на Хималаите. Ова е тајната на нивната долговечност…
Во изгубеното кралство високо на Хималаите, на една од екстремните точки на северна Индија, на границата со Пакистан, Кашмир, Кина и Авганистан, живее народ со неверојатни тајни за долг и здрав живот – Хунза народ или народот на Хунзите.
Тие не се друштво на некоја митска легенда, туку вистински луѓе кои го живеат својот живот на „покривот на светот“. Тие често достигнуваат старост од 145 години.
Во ова мало, мирно општество, од само 30.000 луѓе кои живеат во недостапни долини на околу 3.000 метри надморска височина, можете да најдете жени кои раѓаат во 60-тите години и мажи кои изгледаат како да се во 40-тите и всушност се двојно постари. Се зборува дека покрај стареењето – со кое се носат повеќе отколку достоинствено – тие се најсреќните луѓе на светот.
Ова е важна разлика на Хунза луѓето, нивното здравје е дефинирано не само со недостаток на болест, туку првенствено поради нивниот севкупен квалитет на живот и директно искуство на радост. Се чини дека имаат безгранична енергија и ентузијазам за секојдневните активности. Кога малку подобро ќе ја погледнеме оваа состојба на животот во заедницата Хунзи, можеме да заклучиме дека имаме многу да научиме од нив.
Хунзите живеат речиси двојно подолго од просечниот Американец – без да земаат фармацевтски лекови, без да возат скапи автомобили и без брза храна во секој агол од предградијата. Тие немаат предградија. Само планинската долина, која е чиста и не е загадена со современи индустриски хемикалии, ГМО храна или загадена вода.
Нивниот многу интересен начин на живот нè тера да се запрашаме за сè што го сметаме „свето“ во нашето поденебје. Дури и 100-годишен маж Хунза не се смета за стар човек (додека американскиот просечен животен век е само 70 години). Па која е нивната голема тајна? Како да го живееме животот како Хунза народ освен да се преселиме во оддалечено село на Хималаите?
Климата на Хунза е сурова, поради нејзината географска локација, па луѓето таму јадат скромно. Обично, тие јадат малку месо и јадат само два помали оброци на ден. Тие првиот оброк не го јадат пред пладне, иако често се ангажираат и почнуваат со физичка работа од 5:30 часот наутро. Појадокот, главно вегетаријански со цели зрна, го одржува нивниот дигестивен систем здрав .
Споредбено, поради сите додадени рафинирани јаглехидрати и шеќери, “западњаците” често консумираат многу повеќе калории во секој оброк отколку што е навистина потребно – да не ги спомнуваме оние кои не добиваат никаква клеточна регенерација со добра исхрана.
За разлика од повеќето “западњаци”, Хунзите јадат првенствено за воспоставување и одржување на здравјето, а не за задоволство.
Хунза храната е сосема природна, не содржи хемиски адитиви. Западната исхрана е полна со пестициди, хербициди, фунгициди, генетски модифицирани организми, преработени хемикалии, шеќери, вештачки шеќери и ароми .
Хуните го обработуваат плодот така што го оставаат да се исуши на сонце. Најзастапена е кајсијата, која се јаде во големи количини, свежа, но и сушена. Тие произведуваат млеко и сирење, но без хемикалии и хормони. Тоа е спротивно на Хунза законот, како што е незаконски нивните градини да се прскаат со пестициди .