Тоа е невозможно! Мистеријата на телефонот на Матеј Периш, се јави компанијата која го произвела мобилниот на изчезнатиот Сплиќанец

0

Исчезнувањето на Матеј Периш, кој исчезна ноќта меѓу 30 и 31 јануари, се уште е мистерија, иако во потрагата е вклучена полицијата од повеќе земји. Според добро упатени извори, една од работите што ја отежнува полициската потрага е тоа што телефонот на исчезнатиот Сплиќанец се уште не е пронајден.

Полицијата од технички причини не може да пристапи до комуникациите што ги имал Матеј Периш ноќта на неговото исчезнување. Ова првенствено се однесува на комуникациите што можел да ги има преку различни апликации за разговор и допишување ноќта на неговото исчезнување.

Доколку се најде телефонот, би било многу полесно да се повратат тие податоци директно од него. Токму телефонот на Периш предизвика збунетост во случајот со истрагата за исчезнувањето на младиот човек, бидејќи се поставува прашањето како е можно уредот да емитувал сигнал два и пол часа откако Матеј последен пат бил виден, под услов тој да беше во вода.

Мистеријата дополнително ја усложнуваше фактот што производителот на уредот истакна дека тоа е невозможно. Оваа изјава на производителот дополнително ја зајакна потребата за потрага на мобилен телефон. Се верува дека тој би можел да биде клучен во разрешувањето на мистеријата за исчезнувањето на Матеј Периш.

И таткото на Матеј, Ненад Периш, изјави дека се уште му пречи прашањето за телефонот на Матеј. Периш рече дека Матеј имал нов мобилен телефон кој има можност да биде во вода и до половина час. Го купил затоа што се занимавал со возење бродови.

„Тој мобилен ако беше во вода даваше сигнал после два и пол часа, тоа збунува, дали е можно мобилниот да даде сигнал после два и пол часа, дали е можно да се појави на површината? Мене ми е тоа многу чудно”, рече таткото на Матеј Периш.

Прашањето каде сакал да оди Матеј посебно го мачи неговиот татко Ненад, како и сомнежот зошто би се приближил до реката дури по неколку стотини метри, ако реката тече покрај самиот клуб Готик (Бетон хала).