Хаос во Украина, има мртви во Гранитна, први жртви на линијата на демаркација. Убиени се двајца Грци, во нив пукале украински војници (фото)

0

Грчкото Министерство за надворешни работи денес соопшти дека двајца грчки државјани загинале, а двајца се тешко повредени во инцидент со украински војници во близина на демаркационата линија со проруските сили.

Во соопштението на министерството се наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Гранитна во близина на линијата за демаркација.

Од друга страна, украинската полиција наведува дека се приведени двајца мажи, а тамошните медиуми пишуваат дека се работи за припадници на воените сили и дека престрелката се случила во кафуле во селото Гранитна.

Инцидентот се случил во неделата на 13 февруари околу половина час по полноќ. Како што јавуваат украинските медиуми, војниците пукале од службено оружје, а еден маж за кој е утврдено дека е грчки државјанин починал на лице место, а другиот им подлегна на повредите во болница.

Според грчките и украинските медиуми, на пукањето и претходела расправија. Грчките медиуми пишуваат дека војниците биле во алкохолизирана состојба, а дека убиените се татко на две деца и еден постар маж, кој имал и внуци. Не се знае поради каква работа настраданите Грци биле во Украина.

Претставници на грчката заедница во Украина за весникот Прототема изјавиле дека добиле информација дека украинските војници биле пијани, но велат дека се уште не ги знаат сите детали од конфликтот. Се сомнева дека расправијата започнала за користење на тоалети, но таа информација не е потврдена.

Грчкото Министерството за надворешни работи испрати препорака до грчките граѓани кои се во Украина веднаш да ја напуштат таа земја.

Украинскиот амбасадор Андриј Мелник рече дека ситуацијата може да ескалира и дека Украина е подготвена за „најлошото сценарио“. Тој рече дека Киев може да биде бомбардиран во наредните денови и дека Украина е лесен плен за Русија.

Во соопштението на министерството се наведува дека тројца украински војници се одговорни за смртта и повредите на четворица Грци во селото Гранитна во близина на линијата за демаркација, пренесе Ројтерс.