Ангеловски: Наставничката продавала дрога надвор од работното време

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски изјави дека полицијата на СПБ Скопје уапсила 5 лица кои продавале дрога во изнајмени станови во Центар и Ѓорче Петров.

Ангеловски нагласи дека една од уапсените е наставничка во основно училиште и дека продавала надвор од работното време.

Инаку, полицијата соопшти дека при полициска акција полицијата открила лабораторија за дрога вредна половина милион евра, додека во акцијата полицијата открила и автоматски пушки, пари, дигитални ваги и друга дрога како кокаин и марихуана.

Обвинителството денеска побара притвор за 5-мината уапсени поради сомневање дека постои опасност од бегство или од повторување на кривичното дело.