ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Владата на СДСМ-БДИ за енергетскиот сектор и управувањето со електраните на Северна Македонија, што според нив резултирало со тоа граѓаните да плаќаат поскапа струја 7 години по ред, додека компанијата има финансиски проблеми.
Од партијата на власт ветуваат дека ќе се намали производната цена на струјата и дека актуелното раководство на ЕСМ работи во оваа насока.
„Ако во 2017 година кога премиерот Мицкоски водеше со ЕСМ, просечната цена за производство на 1 мегават струја во РЕК Битола беше 33 евра, сега истото е 133 евра за мегават час. Зошто е тоа така? Ако ја погледнеме статистиката, ќе забележиме дека во времето кога Мицкоски раководеше со ЕСМ, производната цена на струјата беше пониска за повеќе од 25%. Што се случува понатаму? Цената се зголемува од година во година додека не достигне 103 евра за мегават час во 2023 година и 133 евра за мегават час во 2024 година. Поскапувањето е предизвикано од неископувањето на нашиот јаглен и скапиот јаглен што се увезува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.