Груб прекршок врз Мбапе! Се слушна силен вресок, публиката остана вчудоневидена: Сите го гледаа Килијан кој плачеше од болка (видео)
Фудбалерите на Париз Сент Жермен се пласираа во четвртфиналето на Купот на Франција, откако на домашен терен рутински го совладаа Брест со резултат 3:1.
Оваа победа можеше скапо да ги чини парижаните, бидејќи најдобриот играч на тимот Килијан Мбапе само со среќа избегна тешка повреда во 69. минута од натпреварот.
ПСЖ за малку ќе ја загубеше првата ѕвезда долго време.
Во 69. минута „Паркот на принцовите“ замолкна, кога дефанзивецот на Брест, Лилиан Бразие, страитно стартуваше врз Мбапе. Ногата на одличниот фудбалер целосно ја смени позицијата, Мбапе врескаше од болка. На почетокот се чинеше дека нема да може да го продолжи натпреварот.
За среќа, по помошта што му беше укажана, тој успеа да го заврши натпреварот.
Дефанзивецот на Брест за остар старт доби жолт картон, а бидејќи веќе имаше, мораше порано да го напушти теренот.
Погледнете како тоа изгледаше: