Дончиќ го предводеше Далас до победа над Минесота во воведниот натпревар конференциското финале на Запад
Далас маверикс ноќеска ја победи Минесота тимбервулвс со 108:105 во воведниот меч од полуфиналната серија на НБА плејофот.
Најпродуктивен играч на паркетот беше словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ, кој постигна 33 поени.
Кај домаќините најефикасен беше Џејден МекДаниелс со 24 поени.
Резултатот во серијата прв до четири победи е 1:0 за Далас. Следниот натпревар ќе се одигра на 25 мај.
Вечер во 2 часот по полноќ на програмата е вториот натпревар од серијата во Источната конференција. По првиот дуел Бостон води против Индијана со 1:0.