– Полициски службеници од СВР Велес вчера во 16:30 часот во Кавадрци го лишиле од слобода Ш.Ј.(32) од Велес, кој бил баран со потерница по бегство од затвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што информираат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на затворска казна и бил спроведен во установата за доиздржување на казната.