Зошто мачките уживаат да бидат со вас додека работите

Ако сте еден од оние сопственици кои се обидуваат да работат секој ден додека нивната мачка лежи во скутот, експертите откриваат дека ваквото однесување на вашето домашно милениче крие повеќе отколку што се гледа на прв поглед.

Имено, според ветеринарните експерти, мачките можат да развијат длабока врска со своите сопственици. Ако ве следат низ станот додека работите, тоа е знак дека сакаат да бидат блиску до вас, не само физички, туку и емоционално.

Исто така, мачките се љубопитни по природа, и секој звук на тастатура, отворање фиока или кликнување на компјутер е покана за нив да истражат. Експертите велат дека некои мачки сакаат да бидат близу до своите сопственици кога работат затоа што сакаат да видат што правите и бараат ново место за играње или спиење.

Ако претходно не сте имале вакво однесување и вашата мачка одеднаш почне да ве следи, тоа може да биде вознемиреност што произлегува од патување, промена во распоредот или други стресни настани. Ветеринарните експерти препорачуваат да се внимава на други знаци кај мачките, како што се мокрење надвор од кутијата за тоалет, агресија или прекумерно мјаукање, што може да укажува на несигурност.

Редовното присуство на мачка на вашата маса може да испрати и јасна порака: „Играј си со мене“.

Експертите советуваат дека е важно да се усвојат одредени алтернативи, како што е играчка во близина или воведување кратка пауза за играње, за вашата мачка да привлече внимание и вие да продолжите да работите во мир.