Израел продолжи со нападите врз Појасот Газа, додека генералниот секретар на ОН упати уште еден очајнички апел

Израел продолжи да ја бомбардира палестинската енклава, а генералниот секретар на Обединетите нации (ОН) го осуди за создавање „огромни пречки“ за дистрибуцијата на хуманитарна помош во Појасот Газа со својата воена операција.

Генералниот секретар на ОНАнтонио Гутереш, вели дека начинот на кој Израел ја спроведува својата воена операција создава огромни пречки за дистрибуцијата на хуманитарна помош во Појасот ГазаОН предупредуваат дека само 10 отсто од потребната помош за погодената енклава пристигнува во Појасот Газа.

По неколку дена одложување на гласањето и интензивни преговори за да се избегне заканата од американско вето, Советот за безбедност на ОН во петокот усвои ослабена резолуција со која се повикува на чекори за да се овозможи „безбеден, непречен и проширен хуманитарен пристап“ до Појасот Газа и услови за одржлив прекин на огнот.

Гилад Ердан, амбасадор на Израел во ОН, вели дека Советот за безбедност требало повеќе да се фокусира на ослободувањето на заложниците и дека фокусот на „механизмите за помош“ е непотребен бидејќи Израел дозволува „испорака“ на помош до степен што е неопходен.

слика
Израелски војник во Појасот Газа

Според израелските податоци, од почетокот на војната, 5.405 камиони со хуманитарна помош влегле во Појасот Газа со храна, вода и медицински материјали.

САД и Израел, кои ветија дека ќе го искорнат Хамас, се противат на прекинот на огнот и велат дека тоа ќе и овозможи на исламистичката милитантна група да се прегрупира и повторно да се вооружи.

Сепак, администрацијата на претседателот на САД, Џо Бајден, стана сè покритична за зголемените жртви и хуманитарната криза додека Израел ја продолжува својата копнена и воздушна офанзива.

Здравствените власти во Појасот Газа објавија дека повеќе од 20.000 Палестинци се убиени, а повеќе од 53.000 се ранети од почетокот на војната.

Џо Бајден и неговата сопруга Џил изјавија дека им е „скршено срцето“ што се верува дека 73-годишниот Американец Гад Хагаи бил убиен во нападот на Хамас врз Израел на 7. октомври.

Неговата сопруга Џудит Вајнштајн е меѓу заложниците во Појасот Газа, пишуваат израелските медиуми. Според официјалниот израелски попис, Хамас држи уште 129 лица во Појасот Газа.

Воздушните напади, артилериското бомбардирање и борбите низ Појасот Газа продолжија во текот на ноќта во петокот.

На југ, најмалку четворица цивили загинаа во воздушен напад врз автомобил во Рафах. Официјалната палестинска медиумска агенција ВАФА објави дека најмалку 18 Палестинци се убиени, а десетици се ранети во воздушен напад врз куќа во Нусејрат, централна Газа.

На жителите на Буреи, во близина на Нусејрат, им беше наредено веднаш да ја напуштат областа заради своја безбедност и да се упатат кон југ.