За да го проверите квалитетот на јаболката што ги купувате, направете го следниот експеримент
Веројатно не сте знаеле дека огромен дел од јаболката што ги купуваме во продавниците се претходно обложени со слој од восок.
Производителите го прават тоа за да може плодот да се користи подолго, но многу луѓе се изненадени од количината на восок што се наоѓа на јаболката, особено ако се земе предвид дека повеќето од нив не се ни свесни за овој процес на зачувување на овошјето.
За да го проверите квалитетот на јаболката што ќе ги купите, направете го следниот експеримент – прелијте неколку јаболка со многу врела вода.
Оставете ги да отстојат- ако се покриени со восок, тоа ќе се покаже на нивната површина. За да го отстраните восокот, ќе ви требаат сода бикарбона, сок од лимон и млака вода. Измешајте ги состојките, а потоа натопете четка за заби во смесата и добро исчистете.