НЕМА СОМНЕВАЊЕ ДЕКА ИМАЛО ПОМОШ ОД СТРАНСТВО, НО ВЛАСТА СЕ МЕНУВА НА ИЗБОРИ! Вучиќ за ситуацијата во Русија
Српскиот претседател Александар Вучиќ коментирајќи ја ситуацијата во Русија изјави дека Србија никогаш нема да поддржи државен удар во ниту една земја и дека нема сомнеж дека имало помош од странство.
-Република Србија како сериозна земја никогаш нема да поддржи пуч, пуч со воени средства. Тоа се работи кои не можете да ги дозволите – рече Вучиќ.
Како што вели, власта се менува на избори, по јасно изразена волја на граѓаните, а не поинаку.
– Ова не е настан што нема да остави последици за ситуацијата на бојното поле во Украина или за внатрешно-политичката ситуација. Мислам дека тоа ќе остави длабоки последици – рече Вучиќ.
– Она што сигурно го знаеме, како претседател, не сакам да кажам кој учествувал однадвор. Кога Пригожин вели „добро, тоа не се мотиви за војна, војната е непотребна“… се гледа дека никој не прави длабинско истражување. Секогаш се прашувам дали има друг човек кој внимателно ќе го прочита – изјави Вучиќ.
Путин со лична изјава и јасен став вчера го прекина бунтот, подвлече Вучиќ.