Ова е Сириецот кој го запре напаѓачот во Вилаш: „Не размислував ниту за момент, не сме исти“

Сириец (23) е уапсен откако вчера по случаен избор со нож избодел петмина минувачи во Вилах, град во јужна Австрија, но во неговото крваво дивеење бил спречен од друг Сириец.

Напаѓачот бил запрен од 42-годишниот Алаедин Алхалаби, Сириец кој со години работел како доставувач на храна во Австрија.

Тој без размислување се упатил со своето возило кон напаѓачот.

„Прво се расправаше со луѓе на споредна улица, а потоа наеднаш почна да ги удира по случаен избор. Прво се обидовме да го задржиме, но кога го видовме ножот веднаш се оддалечивме“, раскажува за Кроне еден од сведоците на нападот, 29-годишниот Махир.

Тој и неговиот пријател Мартин работат и живеат во непосредна близина на местото на злосторството и добро го познаваат доставувачот на храна кој спречи натамошна трагедија.

„Видов лице како лежи на земја, а маж со нож ги напаѓа минувачите. Ниту еден момент не размислував, само го возев мојот автомобил кон него“, опишал Сириецот кој го запрел напаѓачот.

Тој додаде дека не може само да стои и да гледа.

„Тој се движеше кон центарот на градот, а имаше деца на улица – не можев да го дозволам тоа. И јас сум татко, имам и деца“, рече Алхалаби во интервју за Кроне.

Тој објасни дека во тој момент ќе одел да ја земе нарачката. Тој со својот автомобил се упатил кон напаѓачот, кој замавнал со нож.

„Го удрив и го фрлив неколку метри. Тој остана да лежи на земја“, опишува Алхалаби.

Тој најостро ги осуди постапките на 23-годишниот Сириец.

„Не сме сите такви. Јас сум тука многу години, добро се интегрирав, како и многу други. Се надевам дека луѓето нема да не споредуваат со сторителот“, рече тој.