Џејда Харис решила да сподели моменти на Тикток кога нејзиниот сопруг го зел нивниот шестмесечен син да му ја направи првата тетоважа. Оваа сцена предизвика бројни контроверзии, а многумина чинот го нарекоа скандалозен и го осудија.
„Страшно“, „Што не е со вас луѓе?“, „Се надевам дека ова е привремено“, се само дел од коментарите.
Парот се шетал со своето бебе кога случајно виделе студио за тетовирање и решиле да го истетовираат момчето.
Видеото на кое се гледа тетовирањето на детето има 13 милиони прегледи.
Јајда во таа прилика не потврди дали се работи за трајна или привремена тетоважа, но подоцна во друго видео објасни дека се работи за боја која може да се пере и се симнала истата вечер.