Унгарскиот премиер додаде дека војната станува се покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери кои го поддржуваат мирот не е зголемен.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина е „загрижувачка и опасна“ и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.
Вистинска опасност
Орбан додаде дека „се повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“, и дека „Западот и испраќа на Украина сè посовремена опрема“, пренесува МТИ.
– Додека, од една страна, можеби звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека, ако се продолжи вака, може да дојде до трета светска војна, тоа е реална опасност – посочи Орбан.
Унгарскиот премиер додаде дека војната станува се покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери кои го поддржуваат мирот не е зголемен.
Предлог на Будимпешта
– Во исто време, луѓето во Европа почнаа повеќе да зборуваат за прекин на огнот, мировни преговори, но бројот на жртвите се зголемува – додаде тој.
Орбан истакна дека предлогот на Будимпешта за решавање на кризата во Украина се однесува на прекин на огнот.
– Унгарскиот парламент ќе усвои резолуција која ќе ја одразува нашата позиција, бараме мир и прекин на огнот – рече Орбан.
Тој додаде дека унгарскиот предлог не е за тоа каков тип на мировен договор треба да се потпише, туку дека се работи само за прекин на огнот.
– Мора да се постигне прекин на непријателствата. Повеќе не смеат да се губат човечки животи. Откако ќе дојде до прекин на огнот, се создаваат шанси за мировни преговори – рече Орбан.