Поранешниот фудбалски ас го соблече дресот и ги покажа мускулите: Жените полудеа по сликата, иако тој ги потсети дека е женет (фото)

Поранешниот фудбалски ас Дејвид Бекам продолжува да импресионира со својот изглед, а не избегнува да се пофали со тоа. Тој продолжува напорно да работи на својата фит линија, а жените му „благодарат“ за тоа.

Неодамна сподели фотографија од теретана додека вежбаше, но она што го привлече вниманието на многумина се неговите стомачни мускули кои „грмеа“ кога ја соблече маицата. Мускулите и извајаната фигура се јасно видливи, а ова не е првпат Бекам да се пофали со својата фигура.

Добро се „огради“ и ги потсети дамите во описот, кога напиша дека тренингот го одработил со сопругата Викторија Бекам.

Сè уште добро се сеќаваме на видеото кога поранешниот професионален фудбалер (49) 
го скина својот бел дрес пред да снима напорна рутина за вежбање, а непосредно пред да му се придружи средниот син Ромео (22), кој не можеше да одолее на шега да го испровоцира својот татко за вежба: “Дали е тоа сè што можете да кренете?”