ССМ поднесе барање до пратениците за итно одобрување на минималната плата во износ од 500 евра.
Од ССМ велат дека нивното барање е разумно, неопходно и одржливо, врз основа на споредби со други земји, како и на економските и социјалните услови во Македонија.
Со ова, тие побараа од пратениците и од Собранието веднаш да ја започнат законската постапка и да го прифатат предлогот на работниците, со кој би се овозможило минималната плата да се зголеми на 500 евра почнувајќи од август оваа година.