Убиен командантот на воздушните сили на Хезболах: Мухамад Сароур предводеше бројни напади врз Израел (ВИДЕО)

Сароур ги насочувал и командувал со нападите, вклучително и оние извршени со беспилотни летала со експлозиви и крстаречки проектили.

Командантот на воздухопловните сили на Хезболах, Мухамед Хусеин Сароур е убиен во израелски воздушен напад во либанскиот главен град Бејрут, потврдија денес израелските вооружени сили (ИД).

Според соопштението на израелската армија, Сароур раководел и командувал со бројни воздушни напади против Израел, вклучувајќи ги и оние извршени со беспилотни летала со експлозиви и крстаречки ракети, пишува Тајмс оф Израел.

Според ИД, во последниве години тој го водел производството на беспилотни летала на Хезболах и воспоставил локации во Либан каде терористичката група произведувала експлозивни дронови, од кои некои биле лоцирани во цивилни згради во Бејрут.