ФОТО | ЉУБОВЕН КОКТЕЛ – Леонардо ди Каприо знае како да се забавува: Актерот во друштво на две млади убавици!

Познатиот актер Леонардо ди Каприо во четвртокот вечерта се забавувал во Лондон со две убавици за кои се шпекулира дека се новите потенцијални избори на неговото срце – Маја Џама и Нилам Гил кои и двете имаат 28 години.

Злобниците веднаш би помислиле дека се премногу стари за актерот, поради неговата склоност кон девојки помлади од 25 години.

48-годишниот актер бил виден со водителката на реалното шоу „Love Island“, Маја Џама и манекенката Нилам Гил на забавата организирана од магазинот Vouge.

слика
Леонардо ди Каприо
слика
Маја Џама и Нилам Гил

Учесниците на забавата тврдат дека актерот изгледал како одлично да се забавува, а тој се сместил до пултот на диџејот. На забавата присуствуваа и ѕвезди од светот на модата и музиката, како Шакира, Џордан Дан, Рита Ора, Емили Ратајковски и Леј-Ен Пинок.

слика
Рита Ора
слика
Шакира

Маја Џама почна да се поврзува со холивудскиот актер уште во април кога беше видена како носи ѓердан со натпис „Лео“, но таа брзо ги демантираше овие тврдења и кажа дека тоа само го означува нејзиниот хороскопски знак.