Омикронот го „уништи“ имунитетот на Орце: По втор пат во 30 дена Камчев е позитивен на Ковид-19, судењето за плацевите на Водно во „карантин“!

Јордан Камчев, обвинет во случајот „Плацови на Водно” по втор пат од кога е почнато судењето за овој судски процес е позитивен на Ковид-19. Од оваа причина се одложи и денешното рочиште каде беше предвидено сослушување на повеќе сведоци. Последното рочиште кога обвинетиот Камчев отсуствуваше поради изолација од Ковид-19 беше на 28 јануари.

Случајот за овој предмет го води судијата Илија Трпков а застапник на обвинението е обвинителката Лиле Стефанова.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“. Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Јордан (Орце) Камчев и Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а поранешениот директор на УБК Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“