Германците шокирани од однесувањето на словенечката ѕвезда: “ЛУКА ДОНЧИЌ ИГРАШЕ КАРТИ, ПИЕШЕ КОКА-КОЛА И ПУШЕШЕ ЦИГАРИ”

Во неодамнешниот квалификациски натпревар за СП, Германија ја победи Словенија со високи 90:71.

Интересни беа написите во одредени германски медиуми по споменатиот натпревар. Имено, sueddeutsche.de беше изненаден од активностите на најдобриот играч на словенечката репрезентација ноќта пред натпреварот.

“Лука Дончиќ , најдобриот играч на словенечката репрезентација, кој престојуваше во истиот хотел со Германците, вечерта пред натпреварот ја помина многу опуштено. Седеше далеку од гужвата, играше карти, пиеше кока-кола и пушеше цигари. Сепак, овој 23-годишен играч, еден од клучните играчи на Далас Маверикс, брзо ја загуби радоста. Затоа што покрај Вајлер-Баба, кој се прослави како одбранбен специјалист на Евролигата, и Франц Вагнер го чуваше неколку пати”, пишува германскиот портал.

Иако Словенија загуби, Дончиќ беше најефикасен на натпреварот со 23 поени.

Во квалификациите Германија има седум победи и само еден пораз и обезбеди пат на СП, а Словенија има пет победи и три порази. На Словенците им се заканува Израел.