Има 19 години, тој е апсолутна TikTok сензација: “Дојде во Австралија да гледа кенгури, го пречекаа со Ролс Ројс од 1,2 милиони долари” (фото/видео)

Руската сензација на TikTok, Хасбула Магомедов слета во Австралија пред неговата прва турнеја низ таа земја, пишува Дејли мејл.

19-годишното момче со мал раст, познато по тоа што изгледа како дете, пристигна на аеродромот во Сиднеј во саботата каде беше пречекан како рок ѕвезда.

Хасбула го пречекале чувари и го придружувале до луксузниот Ролс Ројс вреден 1,2 милиони долари. Изгледаше многу нежно во бела кошула со копчиња, сини фармерки и чанта Гучи од 1.595 долари. Својот изглед го комплетираше со облекување на Taqiyah капа и црни Dolce & Gabbana патики.

Хасбула се прослави кон крајот на 2020 година кога почна да објавува видеа на Инстаграм и ТикТок каде изведува смели акробации и разни шеги.

Со својот уникатен изглед и самоуверен став, Хасбула брзо собра огромен број следбеници на интернет, вклучувајќи 2,1 милиони следбеници на Инстаграм и 4,7 милијарди прегледи на ТикТок.

Хасбула секогаш ги потсетува фановите дека е важно да се остане оптимист, без разлика колку е тежок животот.

Тој за The Sydney Morning Herald во јули изјави: “Луѓето секогаш се жалат на нештата во животот, но јас се трудам да уживам секој ден и да ги правам работите што ги сакам. Навистина треба да останете позитивни”.

И покрај големиот светски успех, тој признава дека славата има одредена цена.

“Од една страна, мојот живот стана подобар, а од друга многу покомплициран. Мислам дека луѓето гледаат дека се обидов да создадам добар живот за себе, за што сум многу благодарен”, рече тој.

Хасбула е роден со недостаток на хормон за раст, состојба позната како џуџест раст, поради што е исклучително низок, но неговите пропорции на телото се нормални.

Откако стана познат, тој започна да учествува како најавувач на ММА борби вклучувајќи ги и оние на Конор Мек Грегор .

Тој е пријател и со рускиот борец Хабиб Нурмагомедов , поради што го добил прекарот “Мини Хабиб”.

Во декември 2021 година, тој влезе во бизнисот со дигитални валути и издаде NFT со неговиот цртан лик.

Што се однесува до неговата посета на Австралија, Хасбула рече дека се надева дека ќе најде време помеѓу неговите говори за да види кенгури и да посети различни интересни локации, вклучувајќи ја и познатата плажа Бонди.