„Неверојатниот Џонатан“, илузионистот од Лас Вегас почина на 63-годишна возраст!

Џонатан – Џон Шелес, познат во светот на забавата и како Неверојатниот Џонатан, „магионичарот-комичар“, односно илузионист од Лас Вегас, инаку со потекло од Детроит, САД, почина на 63-годишна возраст.

Како добро познат шеговит и вешт илузионист, Шелес накусо беше обвинуван дека „ја лажирал својата смртоносна болест“, како што е документирано и во филмот од 2019 година „Документарец за Неверојатниот Џонатан“. Имено, во 2014 година, Шелес на свој настап во Лас Вегас откри дека му била дијагностицирана тешка кардиомиопатија и дека има уште една година живот. Многумина од публиката мислеа дека се работи за шега. Филмот го документира неговото враќање на сцената откако преживеа подолго отколку што лекарите очекуваа, но при снимањето стана јасно дека тој навистина е тешко болен.

Фирмата „Нептун сосајети“ од Лас Вегас, одговорна за услуги за кремирање, во петокот потврди дека Шелес починал и ги координирала услугите со неговото семејство. Сопругата на Шелес, магионичарката Анастејжа Син, преку Твитер соопшти дека тој ги минал последните денови в болница