Рускиот тајкун Дерипаска бара да се стави крај на „државниот капитализам“!

Рускиот тајкун Олег Дерипаска денеска рече дека е време да се стави крај на „сиот овој државен капитализам“ и да се сменат политиките, бидејќи економијата на земјата се повлекува од ефектите на западните санкции поради нападот на Москва врз Украина.

-Неопходно е да се промени економската политика, неопходно е да се стави крај на овој државен капитализам, напиша Дерипаска на апликацијата за пораки Телеграм. Тоj побара „објаснувања“ од официјалните лица за тоа што ќе се случи со економијата во следните три месеци