Тито и ТНТ: Оваа епизода на Алан Форд за Јосип Броз-Македонците не можеа и не смееја да ја видат (фото, видео)

Познатиот стрип „ Алан Форд“, иако не влијаеше толку на историјата на стриповите во светот, секако влијаеше на многу генерации кои пораснаа со многу култни слогани на омилените херои.

Овој стрип своевремено, ги освои сите домови на поранешна СФРЈ, а таква слава не стекна во Италија од каде што доаѓа.

Почна да се продава во Југославија во 1970 година, во изданието на „Вијесник“ од Загреб, но вистинската слава ја достигна две години подоцна, кога Суперхик, антихерој кој краде од сиромашните за да им даде на богатите, беше вклучен меѓу хероите на стрипот.

Сепак, иако еден куп епизоди имаат култен статус, има и една за која многу малку луѓе знаат. Објаснувањето е повеќе од рационално – во таа епизода омиленото друштво го посети Белград, а Тито беше прикажан како пијаница, па за очекување беше да биде забранета во СФРЈ.

За волја на вистината, оваа епизода не дојде од Италија, напишана од креаторите Макс Банкер и Магнус, туку во љубљанската „Младина“ е направена од Андреј Брчиќ – Флумиани, како комбинација на извадоци од многу епизоди и како пародија на владеењето на Тито.

Во оваа епизода, целата групација ТНТ во комплетен состав е на задача да го спаси научникот Јохан Александар, наречен Мудриот од резиденцијата на претседателот. Има и кратка воена историска приказна за Број еден од битката кај Неретва, каде што авторите ја карикираа партизанска верзија на историјата.

Погледнете ја оваа епизода: