Автомобил се превртел под Кале, повредена е жената што го возела

Под скопското Кале денеска се случи тешка сообраќајна несреќа, по која на коловозот остана превртен автомобил, а сообраќајот по улицата беше отежнат.

Според полицијата, несреќа се случила околу пладне на улицата „Лазар Личеноски“ во центарот на Скопје, а во превртувањето на автомобилот „Рено“ е повредена жената-возач.

Таа била пренесена во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош, велат од МВР.