Азербејџан подигна шаторски град по земјотресот што ја погоди јужна Турција

– Азербејџан подигна шаторски град во Кахраманмараш, епицентарот на минатонеделните два земјотреси, каде што волонтери им нудат топли оброци на жртвите, јавува Анадолу.

Менаџерот на шаторскиот град, полковник Халиг Хусеинов, за изјави дека веднаш по земјотресот тим од 720 лица за пребарување и спасување заминале во регионот по инструкции на азербејџанскиот претседател Илхам Алиев.

Наведувајќи дека се наоѓаат во регионот за да се намалат последиците од земјотресите, Хусеинов рече дека ќе останат во Турција додека сѐ не се врати во нормала.

„Досега поставивме 760 шатори и тоа продолжуваме да го правиме. Шаторите се за шест лица и во секој од нив има шпорет на дрва и приклучок на струја. Креветите и целата потребна опрема ќе ги даде нашиот тим. Ќе направиме сѐ што е потребно за да бидеме таму за нашите браќа и сестри“, рече Хусеинов.

„Кога дојдовме во регионот на земјотресот, бевме запрепастени од работите што ги слушнавме од жртвите. Ова не е само проблем на Турција, туку и на Азербејџан“, додаде тој.