Ако се замрзне цената на лебот, ќе го прекинеме производството, велат од пекарската индустрија

 Пекарската индустрија се закани дека нема да произведува леб доколку Владата ја донесе мерката за замрзнување на неговата цена на 33 денари.

– Ако Владата ја донесе мерката за ограничување на цената на лебот, од следниот ден нема да има леб на пазарот, изјави денеска Горан Малишиќ, престедател на Групацијата за мелничко-пекарската индустрија по состанокот во Стопанската комора на Северна Македонија.

Во саботата министерот за економија Крешник Бектеши најави дека од 1 март ќе биде замрзната цената на лебот на 33 денари. Мерката е на предлог на Министерството за економија поради тоа што анализите покажале дека голем дел од компаниите за прехранбени производи кои добиваа субвенционирана струја, не ги намалиле цените на производите и по три месеци.