АЛАРМ – Се поголем интерес за сексуални соодржини со Украинките бегалци: “Пребарувањата на интернет пораснаа за 600 отсто!“

Низ Европа се поголем е интересот за порно снимки со украински бегалци, кои се повеќе се мета на сексуална експлоатација, пишува британскиот весник The Guardian.

Весникот ги цитира истражувачите на Thomson Reuters кои откриле дека украинските бегалци претежно жени и девојчиња би можеле да бидат жртви на трговци со луѓе. 

Тие немаат конкретни податоци за жртвите, но ова го заклучуваат врз основа на зголемениот интерес за порнографија со Украинки на интернет прелистувачите откако Русија ја нападна Украина во февруари 2022 година. Зголемениот интерес може да ги поттикне трговците со луѓе да се вклучат повеќе. Затоа аналитичарите повикуваат на зајакнување на заштитата врз украинските жени и деца кои се изложени на ризик од сексуална експлоатација.

Во јануари, 13 видеа, за кои се тврди дека прикажуваат Украинки бегалци, биле прегледани 275.000 пати. По избувнувањето на војната во Украина во февруари 2022 година, веќе во следниот месец, он-лајн пребарувањата за сексуални содржини поврзани со Украинки се зголемила за 300 отсто. Во Велика Британија, потрагата по Украинките се зголемила за 200 отсто во споредба со шест месеци пред почетокот на војната. Во Шпанија бројот на пребарувања на терминот „украинска порнографија“ пораснал за 600 отсто, а во Полска за 130 отсто. Забележано е зголемување на пребарувањата за овие термини во Австрија, Чешка, Данска, Франција и Швајцарија.

Thomson Reuters соработува со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) за да ја подигне свеста за потенцијалната сексуална експлоатација на ранливите бегалци од Украина. Тие започнаа кампања за да ги охрабрат земјите да им помогнат на жените бегалци од Украина, да ги забележат трговците со луѓе и да ги информираат како да се заштитат.

Валијант Ричи, координатор на ОБСЕ за борба против трговија со луѓе, предупредува дека големата побарувачка од мажите за секс со украински жени и девојки создава огромен поттик за трговците со луѓе да регрутираат ранливи луѓе за да го исполнат тоа барање и да профитираат од тоа. Тој вели дека веќе пронашле директни докази за обиди за регрутирање во виртуелни простории за разговор што ги користеле Украинците.

Хедер Фишер, експерт за човекови права во Thomson Reuters, предупредува дека нивната најнова анализа на податоци покажува дека он-лајн побарувачката за сексуално експлицитен материјал поврзан со бегалците од Украина ги тера трговците со луѓе да ги принудуваат и намамат жените и децата на сексуална експлоатација.