Алијанса за Албанците: Причината за поништувањето на пресудата за 27 април кај нас е судска практика, итно да се побара одговорност

Поништувањето на пресудата за обвинетите како организатори на настаните од 27 април 2017 година, каде повторно причина се пропусти и процесни прекршувања од прв степен, кај нас веќе стана судска практика. По многубројните случаи каде пресудите беа поништени од истата причина и како резултат на тоа предметите застарија, последниот случај само ги потврдува сомнежите дека овие дејствија се намерни. Итно треба да се побара одговорност од судиите и другите можни виновници инволвирани во овие скандалозни акции. Во меѓувреме, политичките партии и другите релевантни фактори треба да седнат што е можно поскоро за да се започне процесот на ветинг и другите неопходни реформи во судството и обвинителството.

Насилството од 27 април 2017 година во највисоката законодавна институција во државата е еден од најсериозните и најскандалозните настани од осамостојувањето на Северна Македонија, за дискредитирање и оцрнување на државата од режим. Таквите дела треба да ја добијат казната што ја заслужуваат за да не се повторат никогаш повеќе во иднина. Во спротивно, ваквите постапки на судовите претставуваат легитимирање и поттикнување на криминалот и тероризмот.