АМЕРИКАНЕЦ И ВЛЕТА НА РУСИНКА НА ПОЛОВИНА ЗБОР! Таа предизвика скандал во емисијата “Не ме прекинувај, ОЧИТЕ ЌЕ ТИ ГИ ИЗВАДАМ” (ВИДЕО)

Маргарита Симонјан и Мајкл Бом гостуваа во емисија на една руска телевизија.

Главниот уредник на руската државна телевизија “Русија денес” и една од најпознатите пропагандисти на Путин, Маргарита Симонјан, гостуваше во емисија на една руска телевизија. Во емисијата се дискутираше за наводните закани од Запад кон Русија, а гостите дебатираа дали САД сакаат да започнат нуклеарна војна.

Се споменуваше и дека Русија и САД, освен Украина, во минатото биле на конфликтни страни во Виетнам и Северна Кореја. Симонјан потоа го сподели своето искуство од Виетнам, велејќи дека таму луѓето питаат на улица. Во емисијата гостин беше и Мајкл Бом, американски новинар со руска адреса. Тој е чест гостин на емисиите на руската државна телевизија. Во еден момент тој беше предупреден од Симонјан, која рече да не ја прекинува или ќе му ги извади очите.

“Уште една нормална ноќ на руската телевизија”, коментира Џулија Дејвис, колумнистка на “Дејли бист”, која редовно објавува клипови од руските преноси. Конфликтот е на самиот крај на видеото: