Американскиот амбасадор го повика Советот за безбедност на ОН да одобри повеќе пристапни точки за помош за Сирија

Амбасадорката на САД во Обединетите нации Линда Томас-Гринфилд го повика Советот за безбедност на ОН да одобри уште две пристапни точки за испорака на помош за делови од Сирија погодени од минатонеделниот смртоносен земјотрес.

„Луѓето во погодените региони сметаат на нас. Тие ја повикуваат нашата заедница да помогне во нивното време на потреба“, рече Томас-Гринфилд во соопштението.

„Не можеме да ги изневериме – мора веднаш да гласаме за резолуција за да го послушаме повикот на ОН да одобри дополнителни гранични премини за испорака на хуманитарна помош. Имаме моќ да дејствуваме. Време е да се движиме со итност и цел.“ нагласи таа.

Испораката на итна помош до регионите погодени од земјотресот во северна Сирија се соочува со проблеми поради долготрајната граѓанска војна меѓу опозициските сили и сириската влада, предводена од претседателот Башар ал Асад, кој е обвинет за убиство на сопствениот народ. .