Американски SWAT ја обучува тетовската полиција

 Во Тетово се одржа обуката на која инструкторот во Единицата за обука и подготовка на полициски службеници, при специјалните интервентни акции во S.W.А.Т, Уликс Ѓонај, практично ги обучуваше полицајците од Тетово и Гостивар.

Единицата за безбедност на лица и предмети, единицата за брзо распоредување и специјалната единица за обука и поддршка за справување со специјални интервенции, од полицијата на Тетово и Гостивар, како што соопшти КланМ, биле обучени со американски методи од страна на Американскиот инструктор со албанско потекло Уликс Ѓонај.

„Тоа е многу модерна програма, тоа е нова програма што ја користи американската полиција каде што се комбинираат два системи – американскиот и израелскиот, за да и се даде професионален поттик на полицијата овде“, вели американскиот инструктор, Уликс Ѓонај.

Благодарение на меѓудржавната соработка, Уликси вели дека оваа обука е само почеток. Предвидени се и други понапредни обуки.

„Ова е само почеток, Северна Македонија ме покани, многу ви благодарам, нема да застанеме, ќе имаме понапредни и подолги обуки, така што полицијата на РМВ ќе има заедничка програма со американската полиција“, рече инструктор Ѓонај.

За време на обуката, полициските службеници имаа можност на практичен начин да ги практикуваат најсовремените и најефикасните тактики при справување со посебни и опасни задачи со заштитни операции и постапки и тоа: апсење, лишување од слобода, рација, заштита, самоодбрана и процедури на други интервенции.