Анчелоти: Бевме добри, но ни недостасуваше ефикасност

– Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, оцени дека Барселона незаслужено го совлада неговиот тим на вчерашниот прв полуфинален натпревар во рамки на шпанскиот куп, во кој гостите од Каталонија триумфираа (1-0) со автоголот на Милитао.

Анчелоти рече дека Реал одиграл добар натпревар, но неговите играчи потфрлиле во ефикасноста.

„Ранети сме, но сигурен сум дека со ваква игра ќе се пласираме понатаму. Мислам дека тие (Барселона) не ја заслужија победата. Беше изненадување да се гледа Барселова во вакво дефанзивно издание, но тие научија добро да се бранат, и во тој аспект беа навистина добри“, изјави Анчелоти.

Реваншот во Барселона е на 5 април, а ден претходно се игра реваншот и на вториот полуфинален натпревар меѓу Атлетик – Билбао и Осасуна.