Анчелоти ја брани Барса: Нема местенки и корупција во фудбалот

Италијанскиот тренер на европскиот и шпанскиот првак Барселона, Карло Анчелоти застана во одбрана на Барселона, со тврдењето дека во фудбалот нема ни местенки, ни корупција и дека нормално е судиите да прават грешки.

Барселона се најде на удар поради аферата со исплата на 1,4 милиони евра на член на судиската комисија, по што безмалку цела Ла Лига се крена, освен Реал Мадрид кој воопшто и не крева буна за тоа од две многу важни причини, првата е Суперлигата и заедничката борба за ново натпреварување со Каталонците, а втората е фактот дека посериозна казна за Барса може да значи и „распаѓање на ривалството“ и со тоа помалку пари за „кралевите“ од ТВ-правата и маркетингот во Ла Лига.

„Тука корупција и местенки нема. Нема ни во Италија, ни во Европа. Судиите секаде прават грешки и ако ги има едноставно е – мора да ги прифатите. Знам како е тоа, јас често ќе се налутам на такви грешки, но убеден сум дека нема корупција во фудбалот каква што луѓето мислат или си имаат некаква претстава“, рече Анчелоти.