Аргентинецот Франко единаесетто засилување во редовите на Академија Пандев

Македонскиот фудбалски прволигаш Академија Пандев го комплетираше тимот за пролетниот дел од сезоната, промовирајќи го денеска аргентинскиот дефанзивец Нахуел Франко за свое 11. засилување во зимскиот преоден рок.

Дваесетиедногодишниот Франко, кој игра на позициите лев бек и лев централен дефанзивец, доаѓа во Академија Пандев од редовите на аргентинскиот прволигаш Росарио Централ.

„Со овој трансфер ја завршивме реконструкцијата на тимот за пролетниот дел од првенството‘, соопшти попладнево струмичкиот прволигаш, откако претходно ги засили своите редови со Хрватот Марио Врдољак, Португалецот Сандро Ембало, Грузиецот Микеил Ергемлидѕе, Турчинот Хакан Акгул, како и шестмина фудбалери од домашната сцена – Бурхан Мустафа, Агрон Руфати, Георгие Јанкулов, Матеј Цветановски, Иван Галевски и Неат Абдулаи.